Repository of University of Nova Gorica

Show document
A+ | A- | Help | SLO | ENG

Title:Ја измеривме стапката на супернова експлозиите во раниот Универзум преку гравитациски телескоп
Authors:ID Petrushevska, Tanja (Author)
Files: This document has no files that are freely available to the public. This document may have a physical copy in the library of the organization, check the status via COBISS. Link is opened in a new window
Language:Undetermined
Work type:Not categorized
Typology:1.05 - Popular Article
Organization:UNG - University of Nova Gorica
Abstract:Еднаш во околу сто години, супернова ќе експлодира во некоја галаксија и по неколку недели нејзиниот сјај ќе замре. Суперновите се многу ретки феномени во вселената и поради нивната минлива природа, астрономите тешко ги наоѓале во минатото. Пред 30 години, биле откривани околу две супернови месечно. Денес, ние наоѓаме супернови секојдневно. Но, овие супернови се наоѓаат типично на околу милијарда светлосни години, а тие уште подалечните, сè уште се во ограничен број. Суперновите се една од најсветлите експлозии што постојат, па затоа и можеме да ги видиме со нашите телескопи на тие неверојатни растојанија. Како споредба, доволно е да помислиме дека нашата соседна галаксија Андромеда се наоѓа на “само” 2,5 милиони светлосни години. Сепак, ако имаме за задача да измериме колкава е стапката на супернови што експлодираат во далечната вселена, тоа нема да биде лесно. На растојанија поголеми од четири милијарди светлосни години, суперновите тешко се наоѓаат, едноставно затоа што нивната светлина станува премногу слаба кога стигнува до нас. Ова е особено проблематично за проучување на стапката експлозиите на супернова кои што се последица од смртта на масивните ѕвезди. Овој тип на супернови во просек се побледи и често се наоѓаат во средини каде што светлината е апсорбирана од прашина. Исто така, поради ширењето на вселената, светлината од оддалечените објекти се поместува на подолги бранови должини. Од Земјата, телескопските набљудувања во делот што е блиску до инфрацрвениот дел од спектарот претставуваат предизвик, бидејќи атмосферата е многу светла и променлива во овој дел од спектарот.
Keywords:супернова, универзум, биг бенг, астрономија
Publication version:Version of Record
Year of publishing:2016
Number of pages:18-20
Numbering:9-10
PID:20.500.12556/RUNG-3673-20d73ede-dc00-53ed-03ef-49014f43d16a New window
COBISS.SI-ID:5025787 New window
NUK URN:URN:SI:UNG:REP:ITK2LWKR
Publication date in RUNG:29.01.2018
Views:3374
Downloads:0
Metadata:XML DC-XML DC-RDF
:
Copy citation
  
Average score:(0 votes)
Your score:Voting is allowed only for logged in users.
Share:Bookmark and Share


Hover the mouse pointer over a document title to show the abstract or click on the title to get all document metadata.

Record is a part of a journal

Title:Emiter
Year of publishing:2016

Back